208 Ф. И. против Фабрика за производство на апарати за домаќинство Спор за обесштетување поради повреда на работно место 1 Ad vim maiorem vel ad causus fortuitus non tenetur quis, nisi sua culpa intervenerit За случаите на ‘виша сила’ никој не треба да одговара, освен кога зад неа се крие нечија вина! (Ulpianus)
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Подготвувајќи се за едно така страшно дело, кое ќе ја возбуди и вознемири Европа, подготвувајќи се за оној, за човекот вообичаен страшен чин - докрајчување на животот - гемиџиите работеле крајно конспиративно, трудејќи се до крај да останат анонимни.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Најголемиот дел од нашиот живот е осуден да остане анонимен: светот на нашиот пулс, просторот од оваа страна на лицето, секвенците на внатрешното кино...
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Работничката Ф.И. (сега 37-годишна) – која, по нејзино барање, сакаше да остане анонимна, работеше и сѐ уште работи во фабрика за производство на неелектрични апарати за домаќинство, со договор на неопределено време од 1995 година, односно 11 години пред да настане спорот со нејзиниот конкретен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)