При тоа не смее да се заборави дека формата на прашањата зависи во голема мера од филозофот, неговиот метод, 40 okno.mk односно филозофскиот систем (доколку станува збор за систем), но целта останува иста - да се одгатне „загатката“ за односот помеѓу духот и телото, помеѓу менталното и физичкото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Повеќето од овие прашања може да се сретнат кај многу филозофи и во различни филозофски системи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тогаш бев нискичко, бумбаресто девојче, а потоа се извишив.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И гласот се менува. Можеби само очите остануваат исти.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се менуваат само џез легендите, а публиката останува иста.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Таа си остана иста, дури и влошена, зашто растењето на децата, природно, ги зголемуваше апетитите и потребите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Никој ништо не му одговори, во кујната остана истиот молк, но во својата соба Ване се почувствува послободно, иако таа веќе беше издадена на друг, некој незнајник а сепак врсник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Стапките по кои се пресметуваат придонесите предвидени за годините 2012, 2013, 2014 останаа исти како што беа во 2011 година, а пак за 2015 година е предвидено стапките за пресметување на придонеси дополнително да се намалат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Одредбата, пак, со која се пропишува дека висината на платата на професионалните војници и воените старешини (т.е. на активниот воен персонал) за време на штрајк изнесува 60% од платата што ја примиле претходниот месец остана иста (чл. 177, ЗСАРМ/02 и чл. 167, ЗСАРМ/10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Само долговлакнестиот шкотски овчар останува ист.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И така беше сѐ до нејзината деведесетта година, а потоа како да остаре и за она време во кое го имаше запрено времето, и само цртите на лицето ѝ останаа исти – остри, како во камен исклесани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Останал истиот и без мене овие седум години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Повеќе не сакаше да се среќава со никој кој не беше член на семејството, чекореше несигурно и без придружба не излегуваше од дома, а и тие прошетки завршуваа брзо - ќе застанеше, ќе речеше дека веќе не го препознава градот, и ќе се свртеше кон дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не, овој балкон на најдобрата цвеќарка ќе остане истиот да цвета, да пее од убост, да се кити, со прастари Македонски песни, приказни, преданија...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Со натамошно додавање на зрнца постојано се појавуваат лавини, купата постојано расте но нејзината косина останува иста со достигнатата критична вредност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И сите казни ги истрпува и останува ист: непомирлив, груб кон чувари и кон затвореници и попушта апсаната полека но сигурно и Џемал-ага ги заробува душите на управници и апсанџии.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не знам зошто мислам дека нештата ќе се променеа и дека животот ќе ѝ беше поинаков... ама знам дека таа сигурно ќе си останеше истата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Од друга страна, навистина не е многу важно дали феноменов ќе го нарекуваме метафора или некако инаку: во таа непрекината игра на формите, на сенките што паѓаат од еден на друг свет, на неоплатонистичките „хиероглифи”, на анаглифите на инжинерите за гледање, каков што е Duchamp, потоа и на метаморфозите и анаформозите, во тоа проникнување и непрекинато умножување на глифичките ефекти или феномени - поточно, сликите на феномените - тие непрекинато меѓусебно се заменуваат, или се придружуваат едните кон другите, додека механизмот што е кадарен да ги произведе останува ист: стаклена плоча, pariete di vetro.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Зборот останува ист речиси кај сите балкански јазици, на хебрејски е курбана, на асирски курбану...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И кога ќе помислеше на мачното време поминато на Голи Оток, со своето трагично искуство, стануваше свесен, колку занданите во сите времиња во суштина останале исти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Брат му не ја издаде својата нестрпливост; печатите на неговото лице останаа исти и со иста боја. „Крвните врски не се никаква квалификација. Ни потсмевањето.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ова ми потврди дека времињата никогаш не се менуваат, затоа што луѓето остануваат исти.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Не престана да ја сака; неговите чувства кон неа останаа исти.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не е важно кој владее, сѐ додека олигархиската структура останува иста.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Додека за лицата кои претходно работеле во претпријатието и за пензионираните лица од тоа претпријатие условот да купат акции под повластени услови 153 остана ист, односно да биле во работен однос најмалку две години во тоа претпријатие, со ЗТПОК тој услов се воведе и за работниците.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Поп Петко си го поклопи цело Витолишча и кај него ништо не се измени. „Оче наш“, „Свјати боже“, „Господи, помилуј“, останаа истите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се останува по старо џелатите станаа современи слободата е фрлена на колена чуствуваш духот е во зандани Едни злосторници заминаа но дојдоа нивните внуци џелатите се вртат во круг ги слушаш истите звуци Човештвото полека изумира светот е цел во метастаза а надежта остана во кутија се острат и неа да ја згазат Луѓето умираат во незнаење несвесни во илузорно постоење некои се мртви од раѓање а деновите им служат за броење Премногу животи одземени изгазена е совеста чиста премногу солзи пролеани а судбината остана иста
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
А во таа неподвижност, сигурно знаеше, колибата не остана иста.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Додека седам, просторот едноставно се прекршува, собата се вознемирува настојувајќи, изменета, да остане иста.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Изговорот останал ист: да се жртвува, за да се живее.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)