Партијата си остана неговата Ахилова петица.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сѐ ќе си остане негова тајна и мака.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но што се постигна со револуцијата на знаците? се вмеша Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Така јазикот остана неговата најголема битка и љубов до крајот на животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И така, пријателе мој, испаѓа дека Турците се ослободиле, од својот турско-арапско-персиски јазик, а ние на Балканот останавме негови заложници, да не речам заробеници.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во турската војска (според Ибраим-Ибраимовиот дедо, зад кого останале негови записи везени со мураќип во тефтер од десно на лево) биле мобилизирани и Македонци, исламци и рисјани, како што биле мобилизирани и на други територии од војските што ја загрозувале Отоманијата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Единствената утеха им остана неговото сестриче Анѓа, кое како секое близначе со ништо не се разликуваше од братчето.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Робер Мале останува верен на својата мисија оти по мирен пат ќе го разреши судирот, верувајќи, како и во поезијата која ја создаваше дека останува конечен жител на татковината на животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Голем пријател на Албер Ками, делејќи заедничка работна соба во еден период кај издавачот Галимар, ги споделува во неговата медитеранска поетика според која Медитеранот останува негова дефинитивна татковина, како суштински дел од татковината на животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ја отвори вратата пред неа; таа излезе, а на масата остана неговата тепсија полна со ароматичните чоколадни колачиња.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога стана, на снегот остана неговата трага, неговата слика.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Исто така, добро ја анализираше Деветтата Бетовенова симфонија, составуваше правни документи, наизуст го знаеше бројот на законот за кој се зборуваше...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Остана неговата тајна како успеваше да остави впечаток дека тој ден нема да направи ништо. А сепак правеше. И тоа редовно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)