Уште од мал сакал да оди по железничка пруга, скокајќи од праг на праг, а и до ден денес му остана неостварена желба да се вози на дресина, замислувајќ и си дека дресината е прво стапало, возот второ, а локомотивата трето, ако не и највисоко.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
По читањето на некои книги, понекогаш ме обземаше мислата да му пишувам на некој од авторите чии книги ми направиле особен впечаток, но овој план ми остана неостварен: се задоволував секогаш во мојата глава да составам и да ги напуштам незавршените пораки при моите прошетки сама, на патеките во полето или гората.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)