Не може да се рече дека Камилски беше задоволен од одговорот, но додека неговата сопруга ги послужуваше парчињата од петаникот, пита којашто беше од фамилијата на тикушот, но со разбирливо и предвидливо име, Татко се обидуваше да ја доразвие својата мисла: Пред малку ја разгледувавме судбината на зборот модар патлиџан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како што, мој пријателе, во одделни јазици постојат одредени темни зони, коишто остануваат непреведливи и кои, всушност, го сочинуваат самиот идентитет на народот што го говори тој јазик, така и зборот тикуш може да биде темниот, непреведлив збор на идентитетот во доменот на прехраната.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)