Дел од левата дланка со четирите прсти била од секира одвоена и свртена со белината и со дел од линијата на животот кон небото; како да просела. Палецот останал осамен на раката.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дел од мене засекогаш ќе остане осамен, некаде фрлен и отуѓен, без волја да ја пронајде својата подобра хемисвера.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Мигум останав осамен во вревата на поздравите, лажниот хор од среќа и надежи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Луѓето и не го виделе, сѐ уште свртени кон неподвижниот труп преку кој, им се сторило, лазеле танки линии крв и испокинати жили, додека месото под распарталената облека се отвора сама од себе и трепети од допир со студот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еднаш го видов светот, тој преубав, совршен, хармоничен, задоволно го вдишував пријатниот мирис на животот со идиличен крваво црвен и азурно син витраж на појави кои се раѓаат од слаткиот извор на копнежите, надежта и страстите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Започна Х.Х. да ракоплеска, но остана осамен, само донекаде го придружи А.А., без своја волја поради својот авторитет на претпоставен на К.К.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)