Тие тоа го направија толку егоистички, што заборавија да ја поведат и Наташа, и таа остана сама, дури и не знаејќи го тоа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- „Треба да се вдише свеж воздух - тоа е најдобар лек“ - ги слушна старецот зборовите на Вадим.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Секој се труди да се идентификува со околината која го опкружува, па доколку не најде своја рамка, останува сам како независна планета.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Добро, така ти велам и јас, само така, земи го! –Трајанка се согласи да остане сама со домазетот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Заминавме. Чанга остана сам. О, не, не беше сам. Со него беа сите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Што не кажа бре Гоце! - му велеше Коце. - И ние ќе ти се придружевме, а вака остана сам...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Откако сувариите влегоа во другата одаја, Гоце остана сам.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
На „бојното поле“ остана сам јуначкиот Сулејман Пеливан.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Луѓето се збија исплашени сосем до ѕидот и Стојан Пискулиев остана сам на средина, повргнат в прав и скоро прегазен од страшната сила што ги истури својот гнев над него.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А за тоа тој не е виновен: откако умре татко му, мајка му остана сама без ништо.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Душата ќе рече - телото не ме издржа: откако останав сама, еве, летам, утка меѓу утови...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Сред вревата Јаким остана сам на докот. Сосема сам...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Добро знаеше што значи кога остана сама млада и убава жена која на секој чекор среќава страсни погледи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога се отвори војната со Турците Љуба остана сама, како и многу други жени.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Стрела сама се упати по него. Дали со желба и чувство да го заштитува својот млад господар, или од страв да остане сама?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Првпат во животот ме фаќа страв од тоа да останам сама. Сега ме разбра?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Не ми се останува сама. Се плашам да останам сама.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Земанек замина со автобусот во девет и триесет и јас останав сам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мислел ли секој од нив дека секој друг потврдно ќе гласа, па неговата анатема на Филозофот ќе остане сама, во малцинство, непрепознаена кај логотетот, дека ќе сокрие дека устата му говори слаткоречива лага, а раката пишува вистина злобна?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Останав сам но за кратко време се спријателив со жолто и бушаво кученце.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Останав сам. Ги клештев кучешките заби и можев да заплачам.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се славеше до иселувањето, до искоренувањето и Голема Богородица остана сама...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И така, мајка Фимка остана сама и таму, во туѓина, секоја ноќ само еден ист сон сонуваше - дека сите чеда си ги собрала покрај домашната софра...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога останавме сами Марина пак се врати на тоа и рече: - Те жалам понекогаш што немаш баба како мене.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тогаш, кога за последен пат го одбила, уште еднаш сфатила дека за секогаш останува сама, и без саканиот човек, и без рожба.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Минуваа месеци по смртта на мајка, а никој не доаѓаше во домот во кој бев останала сама.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Не сум сама. Ти си со мене.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Јас ти велев дека ќе останеш сама.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„А ете, Адолфина остана сама.“ Потоа се сврте кон мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Не зборувај така.“ „Заради мене ти остана сама.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш одев кај Роза, која во најголемиот дел од годината беше на бања; во неделите секогаш се собиравме на ручек кај Зигмунд, а тој, по смртта на мајка, не доаѓаше кај мене во неделните утра.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Баба Ристосија остана сама во Горно Село. Од неколку стотини селани, остана сама за да ги варди душите на мртвите од сколовранците и гавраните начичкани по плотовите на селските гробишта, за да има од што да се плашат плашилата по бостаните, распарталени од ветриштата и дождовите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Остана сама баба Ристосија во Горно Село свиткана од годините и времето, удвоена, со земјата споена.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Скулпторот остана сам крај својата скулптура, среќен и горд на она што го создаде, на своето пресоздадено Јас, изрежано во снегот до совршеност.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Проколната беше со своите сеќавања, кои најмногу ги имаше последниве години откако остана сама.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Немаше луѓе, немаше смеа, немаше музика. Таа остана сама.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Останал сам вртејќи ја апнатата рака кон месечината за да ја види крвта, ноќе потемна и од ноќ. Видел, 'ржел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јаков Иконописец останал сам, врел и во оклоп на модрици, наеднаш безимен и бутнат на некое дно на кое само месото ја памети својата болка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И се случило Панделиј Каламарис трипати да се споулави: еднаш кога останал сам и ранет во рамо меѓу своите мртви борци (и болен водел чета темни пушкари) со кои раснел и сонувал битки; потоа кога војводата Зигас, за да не се предаде жив, фрлил запален факел во бурињата со барут и, чиниш се здружиле стотици молњи и громови, летнал на парчиња кон сонцето покриено со чад; најпосле, кога десетина жени со дребни дечиња в раце се фрлиле за одбрана на честа во водопадите на Црна Река, меѓу нив и жената на Панделиј со близначињата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неговата утрена сенка лежела преку распарчениот и безобличен труп на младиот арамија или бег.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И се заколнале дека ни на смртта не ќе ѝ се тргаат од пат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Луѓето се бореле и со нокти и со заби, за една глава барале две: на малите народи една глава им е поскапа од три непријателски; ќе убиеш тројца, четвртиот тебе ќе те доака; ти гниеш во гроб, тој делка дечиња - тројца браќа му загинале, четири дечиња ќе изделка; ти ни род ни пород, тој сѐ може.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Нема. Ќе останам овде до ден. И повеќе. Додека не ми дадеш. - Проклет да си.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Останал сам, никој не му се придружил за враќање. Продолжувало.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сцената пак останува сама.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
НЕДА: Јас не сакам да останам сама дома. Ќе дојдам и јас со тебе.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Јас ќе си бегам овие дена Со Илија во пуста планина, А мојата мајка црна вдовица Ќе остане сама како кукавица!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
АНТИЦА: (штом останува сама, ја зафрлува метлата).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Зошто во полноќта остана сам?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Во олтарот остана сама,сама таа во бело...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Волкот под него мораше да остане сам.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Затоа таа замина накај човекот. Замина, или за да отстапи, или пак за да остане сама, една здивена мршарка чие огромно тело уште одамна не биле во состојба да го држат сито ни дивите плодови, ни мравките, ни медот од шупливите дрвја.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Нејзиниот свет почна да се руши. Се чинеше дека само Луцифер ликуваше што успеа да го круниса гревот... Сѐ се сруши. Рада остана сама на брегот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За среќа нејзините цимерки беа отпатувале. Остана сама меѓу четирите ѕида.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Остана сама да се брани од нападите, успевајќи само да изусти. - Не, тоа не е вистина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ја омажиле за друг, изродила деца, ги вдомила... и пак останала сама.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тој ги испрати двајцата, но остана сам, ако не се сметаат семејствата на неговите братчиња и сестрички, кои го најдоа патот по различни држави во светот. 20 години го слушавте неговиот глас на Македонското радио, во една смешна емисија за иселениците Македонци во светот, а беше уредник и во весникот „Македонски иселеник“. Мојот брат!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Имено, тукашните сега се определија за орлите, поточно за оној што сам се реши против штрковите и тврдеа дека тој ја олицетворувал Македонија, која, после, по прогонот на Турците, остана сама да се бори против сите свои довчерашни сојузници, а тие, гнасници, ја убија, односно штрковите го убија јуначкиот орел.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Што да чинам, сѐ е господова повелба, и јас останав сама ноќе со солзи да ја топам рогозината.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А откако остана несама Уља, скрпивме уште едно куќарче крај плевната. И цело село ни помогна, што е право.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сега влегуваме во станицата Сен-Силпис, некој покрај мене се исправа и заминува, Ана исто така останува сама пред мене, престана да гледа во чантата и на два-три пати нејзините очи расеано ме пометоа пред да се загубат во рекламата за бањското капалиште која се повторува во сите четири агли на вагонот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Андон, ќе ја земеше ќерка му за снаа, но тогаш тој ќе си го дадеше и коњот и ќе останеше сам со сонливото куче што ноќе се дави во кашлица.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Понекогаш се чувствувам како безнадежна старица која останала сама и секој миг чека да умре.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Отец Симеон и Иван останаа сами на дожд и се испитуваа - кој си, што си, беа суви.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Навистина, мислеше дека е со нив а не како кога ќе останеше сам крај дрвената барака за да го гледа без рабирање заодот и сѐ под него: невидливите џуџиња во печурките и твриде големоглави бубалки опколени како старовремски војници.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Широките подискинати карти, распослани врз училишните табли, тврдоглаво го поврзуваа со зборот непристапност – небаре големите предградија сакаат да го заштитат од туѓинци и потем исползуваат за некое мрачно нечествие од типот на баба чиј остарен син, поради неа, воглавно, останува сам...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Се мушнав и пробивав низ соби натрпани со изветвен мебел, грнци и лонци распослани по масите, засушени четки и празни платна на еден стар уметник кој заради својата мајка, воглавно, останал сам.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Студентот остана сам со анестезираниот човек.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ти личиш на изнемоштена птица, Која тажно гледа во своето јато, кое оди и се враќа, а таа останува сама.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Сѐ додека не остане сам не ќе може да размисли за овој нов развој на настаните.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога останаа сами и кога попот Ставре отчита тоа што требаше да отчита, па му го подаде на ибн Пајко залчето натопено во вино, црвено како крвта Исусова, тој се скубна уште неколкупати низ брадата, па рече:
„Е сега, да не се фалам многу, ама со помошта господова и ја смислив една итрина, сине Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Татко ми ќе пресвисне од болка, а пак жена ми, мојата домаќинка, бидејќи нејќе да се турчи, ќе остане сама за нигде никаде, вели пашо.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ама игуменот, откако го рече тоа, си ги собра црквените книги, петрахилите и кадилниците, и заедно со калуѓерите се стегна за Хилендар, а рајата остана сама, да се чуди што ја снајде.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Петок Декември Изронувам парче мисла на твоите раце, мила, за да се спојат краевите на светлината, љубовта да не остане сама.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Кога останавме сами, Симон ја исече кутијата и од неа извади голем, нов телевизор. Во боја, рече гледајќи гордо во апаратот. Сега сите одат на боја, вели.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Мирот тогаш беше моја цел. Останав сама... Ама, сепак, светот не е пустина.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Го одврзав Гаро за да може, кога ќе остане сам, да се напие вода во езерото долу.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Марија уште не можеше да се соживее со мислата дека Хелвиг дефинитивно се разведува од неа. Дека Карл и таа остануваат сами.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Сè повеќе сфаќаше дека останува сама против тројца.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Со учењето не продолжи, а и мајка му не сакаше да остане сама; сакаше Богуле да ја преземе сега грижата околу куќата и имотот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
За да се ослободиш од него, ќе мораш да најдеш адамово дрвце и да гризеш во него како што тоа го правела змијата кога останала сама по протерувањето на Адам и Ева од рајот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Дури кога остана сама во одајата, си го протри челото, се пораздвижи и се созеде. – Каде сум, господи, јас?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Нејзините неизговорени зборови не допираат до него, останува сама да одлучи како ќе постапи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ако не успее да остане сама, ако не успее да го отфрли насилникот од својата утроба, таа ќе мора така да ѝ напише на својата пријателка, а и на својата сестра.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
ТРОШЧЕЈКИН: Да, јас веднаш. (Истрчува налево.) Околу три секунди Љуба останува сама.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Крсте и Неда останаа сами. Необично на двајцата, ама веќе се приближија еднододруго и почнаа да се ослободуваат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Доста остана сама во земникот. Тука ќе дојдат: попот, нункото, деверот, зетот Илко и брат му Стојо.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И Ѓуро ја искористи оваа положба, ги измажи сите три чупи мали и остана сам со Јошка и бабата Тода.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Карабуклијата и Петко ги наполнија лулињата; оној, селскиот гостин, стана, си зеде збогум — „седите со здравје" и двајцата пријатели останаа сами.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Браче Илко си а наредил работичката, а јас сирота токо се жалам ќе су останала сама.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Потем, стариот ја прекинал песната. Сакал сам да пее. Да остане сам во чунот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но откако Мајка остана сама во Татковата библиотека, без да може да го споделува верувањето, таа ги очекуваше овие ретки мигови, со нас, децата, да ги коментира своите верски сознанија, верувајќи дека, и овој пат, е на својот вечен браник за да ги спасува нашите животи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ја молевме сите ние, живите синови и ќерката, ја молевме да не останува сама, во куќата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А за мене започнуваа маките со сите вас! – И што стори ти тогаш, Мајко? – запраша најстариот брат со возбудата што ја делевме сите. – Останавме сами, среде војната, во големата куќа крај Езерото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
XL Животот сакаше, судбината сакаше, обично велеше Мајка, таа да остане сама, како последен сведок на семејството, во куќата на спомените.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но, сега ја нема и Мајка. Со судбината останав сам крај Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Трајче и мајка му останаа сами. Долго, долго време го жалеа, ама немаа што да прават.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- На оската ѝ се скрши едно колце. - Ѝ се скрши, ѝ се скрши! - продолжи Горјан. - Мусолини капитулира, а Хитлер остана сам...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кога останаа сами, Горјан рече: - Огнене, утре мораме нешто да измислиме. Треба да воспоставиме врска со Талета.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кога луѓето останаа сами, едниот од нив праша: - Горјане, како ти изгледа детево? Би можело ли...?
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
А јас останав сам. Збунет, или само изненаден.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ни морија ни јота – само една темна песна Од која да изгори сѐ за да останат сами - Амин.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
II. Како дете, собирав во еден стар сандак парченца стакло, панаѓурско огледалце, разнобојни копчиња, истрошени хемиски, стар фотографски апарат, од кој цела остана сама кутија со дупка на местото на објективот.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
А од таму о Билишча о од Билишча со камион пак ме донекое туа... Ету, така јаска ојду до нашчо место...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ету, се ума, таму од’нде трапо е селото, нашчо село, де.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не слушна дека и него и неа ги затвориле?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Јаска остана сама о мрако.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се помоли јаска, а цела бе замрзната.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Да му кажам дека останав сама, да му кажам дека Ристо... дека Ристо не знам како е, што прави...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Жените се загледуваат во него, а тој стои молчалив, со стегнато грло, нем.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А Дико, штом остана сам, издивна како кога се свршува најтешкиот дел од работата.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Штом останаа сами, дедо Ангеле се приближи кон комитите: - Абер ви носам, - рече.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
А потоа и овој глас наеднаш го снема. Сосема се загуби, а јас останав сам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
За пречек на Новата година Венче остана сама дома, бидејќи татко ѝ и мајка ѝ отидоа во хотел.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
И родителите од Милчо отидоа со друштво да ја пречекуваат Новата година. И тој остана сам.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
По пребегувањето во Албанија, мажот ѝ умре, и жената остана сама со девојката.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На улицата Дора остана сама со точакот и со тротинетот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не, претходно сакам да останеме сами.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Шо вели? - Те опитва зошто и ти не избега, - Ами јаска не стигна да избегам и така си остана сама о селто.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дома останав сама, како камен среде пуста рамнина, како црна бреза без гранки, избиена од сите ветришта и измиена од сите дождови и бури...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тие нема пород. Кутрите во старост беа останати сами.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Останав сама во собата. Ете ми го Париз за кој што сонував.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Мајка остана сама во куќата со татковите книги, под вечниот изговор дека таква била последната желба на сопругот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се изви по прашниот пат надолу нејзината колона, песна се огласи по полето и долго низ зелените перки на пченките светкаа белите шамии на бригадирките, а високо на синото небо се оцртуваа лопати и копачи. Малиот водоносец остана сам на празната полјанка пред логорот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ми објаснуваше дека тој нејзин маж нема да се врати, па таа останала сама со децата и не сака ни да го види веќе, а камоли да живее повторно со него.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
И ние двете се грижиме за неа како и ти, ама од сега натаму повеќе да се грижиш за куќава кога останува сама отколку за Пеличка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Кога останавме сами, му се свртев на Никифор.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така јас останав сама во просторијата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Малинка остана сама да си ја смири лутината и да размисли зошто девојчињата не сакаат да си играат со неа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Пак останав сам, пак... - си шепотеше и уште потажен од вчера, се завитка во својата осаменост.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Уште долго останав сама во собата, загледана во празно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се обидував да мислам на Игбал и само на Игбал, ама не ми поаѓаше од рака.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)