Не можеше да замисли девојката да му остане трудна пред да се земат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Што да правиме, децата си се засакале (читај: студентката останала трудна), нека си се земат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
— Еј, оваа од гледање остана трудна!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Одејќи кај нив, Профим се зближил со ќерката, и таа останала трудна.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но сепак, ќе се согласиш со мене: и се случило да остане трудна!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Она, што не требало да и се случи! – Се разбира дека се сепнав и пред да ја заршам реченицата. – Извини – реков – згрешив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Знам дека не може да се мери ужасот на срамот со ужасот на губитокот,“ пишуваше, „но срамот мене секако би ме убил, а и на детето кое би го родила не би можела да му овозможам вистински живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Го зедов писмото – во него објаснуваше зошто го сторила она што го сторила: се вљубила во оженет офицер, останала трудна од него, тој ѝ рекол дека нема да се венча со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сѐ уште бакнувајќи се, му го искинав сплесканиот, исушен омот и тогаш тој ми отскокна низ прстите како федер од часовник и падна во песокта меѓу нашите нозе. Ми се тресеа рацете.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Со купаќи околу зглобовите, претавме како пливачи за да си ги ослободиме нозете, скоро како да очекувавме плимата да не облие исто како Берт Ланкастер и Дебора Кар во нивната славна љубовна сцена на плажата во филмот „Од овде до вечноста“ - сцена која е толку славна што иако ниту еден од нас го немаше видено филмот, нашите тела ја заземаа истата положба како филмските ѕвезди на песокта и ти нежно ми шепотеше, „Се плашам да не останам трудна,“ а јас тивко ти одговарав, „Не грижи се, имам заштита,“ и продолжувајќи да те бакнувам, ги напипав соблечените кратки пантолони и паричникот во кој со месеци го носев Вулканот како да беше амајлија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во паника грабав по песокта, го најдов Вулканот, се обидов да го исчистам па да го навлечам без да ја нарушам атмосферата (Берт Ланкастер немаше ваков проблем) и ги почувствував зрнцата песок во него, па удар на молња, и Големото Езеро во позадината се претвори во Тихиот Океан; кожата ти имаше вкус на сол и на настојчивото прашање на моите колкови твоето тело одговори “да”, твоите бутини се отворија како крила од мојата половина додека задишани испливувавме од бакнежот по кој ти молеше Ох, боже, да. . ; да, звучеше остро како крик од болка така што за миг си помислив дека ние веќе го правевме она и дека некако сум го пропуштил моментот кога сум навлегол во тебе, кога сум навлегол на бескрвниот начин на којшто еден млад маж ја отфрла својата невиност, сум навлегол како да поминувам низ портата што води кон остатокот на мојот живот онаков каков што јас сакав тој да се живее, да, но; О, тогаш увидов дека сѐ уште неповрзани претавме во калта и дека имаше песок во Вулканот додека се судиравме сѐ уште посегнувајќи кон совршениот склоп, сѐ уште Овде грабајќи по Вечноста која што ни беше оддалечена само за мало нагодување, само еден милиметар на лево или делче од инча на југ, иако со сето тоа нагодување песокливиот Вулкан се лизгаше и испадна, но ти повторуваше да иако главата ти климаше не-не-сосем-речиси и срцата ни чукаа како луди и ти рече да ДА чекај ... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 179
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)