остане (гл.) - долго (прил.)

Направија нешто како касарни и донесоа војска во нив, но не смогнаа сили и да останат долго таму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ниту еден од карваните со зајре, наменет за војската, цел не стигнуваше таму; уште од местото на тргнувањето бунтовниците ги преследува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој самиот знае дека таквите ситни случки остануваат долго во душата и одвреме-навреме како песочинки ја глочкаат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не остана долго да го лекува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Останав долго, осамено среќен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас се насмевнувам. Нема да останам долго, велам. Ќе си одам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Претседателот остана долго неподвижен, потих од темнината. Тишината го зголемуваше она во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На почетокот од есента, веднаш по доаѓањето на дедото Петко, во Скопје дошла и жената на Нанчо, не останала долго и тајно си заминала, а по некое време го снемало и него.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И така замислен, гологлав и подведнат, остана долго неподвижен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Несреќниците ги нахранивме и ги напоивме, ама не најдовме збор за утеха и за олеснување на нивните маките. Дали останаа долго? Не.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога се вративме дома татко ми остана долго да чита во ноќта. Никако да згасне жолтата ламба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Под душемето остана долго, многу долго, сликата на Сталин, сѐ додека Татко веруваше дека постои опасност од негово одмаздничко враќање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Одвај ја повратиле. Останала долго, долго време крај гробот на брата си.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Настојуваше да најде место во судската хиерархија на албанската монархија. Не остана долго на оваа служба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)