Таа жолта светлина остана засекогаш во нас, како светлина над книгите, во потрага по излез кога ни беше тешко во животот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Да не останала засекогаш во Цариград, или се крие во некој од сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Предизвикот остана засекогаш.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Претпочиташе да си остане засекогаш втор.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Желба ни е барем дел од тоа време да го обеспрашиме и обележиме со пишан збор за да остане засекогаш врежано во поединечното и колективното паметење.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Катерина Кедрос ќе „блада на јазик што го мрази“, авторот ќе се моли за спас на душата на својата (можна) сонародничка, а книгата „Псалми“ ќе биде сместена во музеј крај црквиче во реонот на Фенер - за да остане засекогаш неодгатнато колку таа книга навистина била стара, кој ја напишал и која е нејзината смисла.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Робот на уметноста може да направи сè уметноста да живее на ниво на господар – пишува Кацаров, па потсетувајќи на култната Госпоѓица Јулија, поентира: „Сакам ороспиите да бидат што подалеку од театарот зашто тие со своите впечатливи бои, со нагонот за брзо ширење, со цветањето во секое време, можат да го заведат, па потоа нешто слично како Жан во пиесата на Стриндберг, да остане засекогаш покриен од гнилежот на нивните најситни потреби...“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сакам ороспиите да бидат што подалеку од театарот затоа што тие, со своите впечатливи бои, со нагонот за брзо ширење и со цветањето во секое време, можат да го заведат истиот, па потоа, нешто слично како Жан во пиесата на Стриндберг, да остане засекогаш покриен од гнилежот на нивните најситни потреби...
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Часовникот на ѕидот забрзано чука како да го фаќа некој страв дека ќе запре и ќе остане засекогаш не навиен, нем.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Најпрвин од редот на тие зборови Татко ја истакна турската заемка бубрег, со потекло од турскиот збор, во вулгарна варијанта bbrеk, а во книжевна brеk.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко со големо внимание го слушаше својот пријател, кој се чини за прв пат во една голема исповед го ослободуваше тоа што беше длабоко потиснато во душата и можеше да дојде до катарза во исклучителни околности или да остане засекогаш потиснато во него.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мистеријата си остана засекогаш и тука Татко и Камилски немаа што да преземат, освен да се помират со традицијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Каде завршија козите и нивниот славен козар Чанга, остана засекогаш мистерија?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Родени во истата 1898 година, тие и исчезнаа во истата 1976 година.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Епилог Во животите на Татко и Климент Камилски остана засекогаш нешто необично мистериозно и незавршено.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XXVI Купонските времиња од првите повоени години ни останаа засекогаш во сеќавање, а посебно настанот поврзан со непрочитаната Таткова книга од неговиот пријател Климент Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А денот пак мудро молчи...премолчува... се премислува се плаши да не го проголта темнината, да не остане засекогаш таму... да не престане да свети неговото сонце...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Битола остана засекогаш во нивните спомени. Градот на султаните и конзулите. Градот на нејзиното детство
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XIII Разговорот со Хабиб Бургиба Јуниор во амбасадата во Тунис ми остана засекогаш во сеќавање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ова беше време да распламти и тивката битка која се водеше меѓу душите на турската баба и албанскиот дедо, да се замине навреме или да се остане засекогаш и да се пречекаат различните војски спротивставени на двете страни од границите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тие не беа никогаш разединети, останаа засекогаш заедно...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Двете отворени врати на иднината на потомците!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Застаната на прозорецот од таа соба, гледав во зелените ливади, сакав да го сочувам тој момент, таа глетка да остане засекогаш во моите мисли.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Сега, по многу, многу години, кога си ги кажуваа сите тајни од заедничкото минато, од интерес за иднината на децата, на нивните семејства, на Мајка ѝ остана засекогаш тајна разговорот помеѓу Татко и неговата мајка, на самата ноќ на заминувањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа криеше големи тајни кои, за нас, нејзините деца, останаа засекогаш закопани во нејзината пословична тишина која небаре остана и нејзиниот дефинитивен јазик. Мојот Мајкин јазик на тишината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Стигнале до Америка, а старите останале засекогаш во земјата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Како да беа истетовирани во сеќавањето од умешен мајстор..
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Настаните од последните денови во затворот останаа засекогаш втиснати во моето сеќавање Како печати.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Или она многу сериозно тврдење И подоцна решениот проблем е сепак решен проблем, за разлика од оној што ќе остане засекогаш закопан во нашите намери, и тоа само поради неразумото избрзување...
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Уживајте во рекламите, то ест, додека ги имате.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Глобално село: тоа нема да остане засекогаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Престрашената публика не се помрдна.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во овие денови на одвоеност, во тие силни моменти и свети спомени барам утеха за нашата страсна, опојна, вечна љубов која ќе остане засекогаш таква.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Секој допир е инхерентно сплотување на душите, несебично давање дел од најдрагоценото, дел од себеси, збогатување на радоста, разбирање на тагата, ритуал на взаемна егзистенција.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Минале години, јарецот си ја завршил мисијата, но трагите врз изгризаната ламперија останале засекогаш.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Големиот источен татков сон остана засекогаш и во неговите книги.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мајка на патот го бараше просторот каде што пред многу, многу години, тогаш во обратен правец, со едно прастаро вовче кое исчезна со тесната пруга, со Татко и со нас децата патуваше кон Скопје, крај реката Вардар каде што останавме засекогаш, во друга земја, со друг народ и дел од нашиот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Остана засекогаш означен од европската авангарда.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој за сите нас беше останат во неговите книги и затоа за нас тие останаа засекогаш живи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)