Толе, изгледа, му се насити на Ќосото и почна да пребира други мариовки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Андон ги догоре чифличките кули и кошарки во Крушевица, што останаа лани лето недогорени; Петко и Стојо — тие во Маково и Рапеш, такашто Мариово го очистија од турчовина во сите села, освен Витолиште, та му удрија едно своеволие секој во својот реон, а Толе во цело Мариово како врховен заповедник.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)