Потоа се качив во џангл собата и останав таму некое време, повремено наминувајќи до барот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
МDМА, 130 милиграми, силно но подносливо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Содржината во таа тетратка е нешто што го засега само нашето семејство и останува таму.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ама нешто се случи со касетата или диктафонот, па раскажувањето на Еца остана таму во големата соба на нејзиниот стан на улицата Ваци Ут во Будимпешта. Така требало да биде!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Конечно, многу е посурово и во извесна смисла „повозбудливо” бивствувањето на Балкан (кој ако не е мртов, умира полека ама сигурно), отколку во скутот на старата курва наречена... итн. што читаш, што гледаш, со кого се дружиш?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Како изгледа нашево мочуриште по престојот во Америка? Би останал таму?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Веќе е осум саатот, а неа ја нема. Дали се вратила? Да не останала таму да учи?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но колку подалеку ме носеше возот од Белград, толку посилно чувствував дека срцето ми остана таму, во куќата...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тие останаа таму некое време откако автомобилот изчезна зад ѕидот од тули и потоа, во зашеметувачка тишина, нивните стапала шушкаа по тревникот покриен со слана, и потоа се вратија дома.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Пролетното сонце беше топло и тоа ја натера девојката да остане таму и да гледа како двајцата браќа работат на ѕидот од нејзината идна куќа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Пак по пченка берење, нарочно по грозје брање, ќе го свршиме, ќе го жениме и цела зима ако сакаш остани таму.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Тоа стануваше пострашно отколку да се нема сенка! 7.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Сенката само се издолжи но остана таму каде што ѝ е местото.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Зошто не остана таму?,” ме праша. Не одговарав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Слушнав како чекори кон мене, почувствував како седнува до мене на креветот, како минува со раката по мојата глава за да ме утеши, а јас плачев безутешно во таа ноќ полна со убавина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Пред катедралата седна на една клупа на топлото сонце и остана таму под блажената животворна топлина, со затворени очи, целосен странец на сѐ околу себе, неврзан и необврзан кон ниту еден од туристите кои фотографираа, кон ниту еден од жителите на градот кои одеа некаде без брзање...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Мртви, вратете му се на својот свет! Но мртвите останале таму кај што ги закопале живите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Човекот со црна креста на темето избегал крстејќи се во скокови зашто мислел дека и него го демнат како тој самиот што демнел и што го начекал дојденецот со превивка преку едното око доколку не верувал во подгробни сили како, малку подоцна, што можел да се вангелоса и Лозан Перуника: во дворот на манастирот видел трепетливи пламенчиња што се движеле кружно.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа, останете таму над него и разгласете дека е тој убиецот на Ѓорчета и дека вие сте му одмаздиле во името на Македонија.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Токму, токму поради таа работа, јас ќе треба, јас ќе треба... и овој пат... да заминам на пат да останам таму десетина дена или... или помалку, нели господин Луков?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Во пуста печалба беше замината речиси целата класно – географска структура на нацијата: здрави селски момци кои што во енклавата викана запад ги работеа најцрните работи, поосвестени луѓе кои не сакаа децата да им растат во земја која ја водат Тодоровци и Стојановци, а побогатите семејства кои го сметаа Стојан за неизделкан простак, ги испраќаа децата да студираат во странство, со тенеденција да останат таму да живеат.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Јас и ти како една точка. Останавме таму во неа...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Јас не продолжив, останав таму каде сум и чекам...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Така некое време останавме таму, додека нашите веќе беа пристигнати во Прилеп, почнаа да се слушаат нивните истрели кои доаѓаа дури до нас.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Другите останаа во Крстец. Тој ден останавме таму на позиција.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ја праша дали знае каде отишла колоната, а таа само спушти раменици и му рече дека не знае.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога ме виде комесарот ме прекори: Што си дошла само ти, женско во бригадата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Не знаеше колку долго остана таму; во секој случај неколку часа; без часовник и без дневна светлина му беше тешко да го мери времето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Целта на високите е да останат таму каде што се.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Помисли, исто така, да побрза до Општинскиот центар и да остане таму до затворањето и така да си обезбеди барем делумно алиби за таа вечер. Но и тоа беше невозможно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
По погребот, Лена, снаа му, остана таму, да биде некое време блиску до мртвиот маж и да го надгледува, како што вели, уредувањето на гробот што мене ми го даде.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
- Не... Тој остана таму... во Германија...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Можеби и постојано ќе остане таму...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Остана таму, на станицата, го заборавивме во вагонот!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Остана таму, го заборавија човекот кога ги разотворија вагоните, како да ги збриша некоја разулавена ветрушка и ги настега во нив, замижувајќи им ги очите, затапувајќи им ги главите и така, возот свирна, исписка, како со човечки глас да се огласи и веќе никој не можеше да го запре.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сигурна е дека Дине не тргна по нив, дека со двете жени и дечињата останаа таму, како да зауши како се пикаат пак назад во вагонот, ама Борис Биџов секако беше во колоната.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
ПАВЛОВНА: Љуба. остана таму малку шунка.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Но тогаш еден ден Лу Рид влезе внатре и остана таму полни три часа.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Како згрчена дланка ќе го сокрие во себе. а тој ќе знае дека акордот е сонуваната болка. тој акорд треба да остане таму, под клуч, в самица. никогаш повеќе луѓето да не сонуваат ножови, никогаш повеќе да не го чујат чемерното крцкање на прстите, стиснато околу неиспеано грло.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во меѓувреме ми јавува од Загреб дека дефинитивно останува таму.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А само да знаеш што сѐ ми има ветувано?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Стигнавме во Берковица. Два дена останавме таму.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Си спомнав за шофсрот и за двајцата милиционери.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ќе крцкаат пустите и ќе не потсетуваат на рафалите и на другарите што останаа таму или што ги закопуваме тука секој ден понекој; на полудените, обезумените и на оние што престанаа да веруваат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Мртвите остануваат таму кадешто ги најде смртта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Таа ли кој прв сопствениот живот ќе го претвори во пепел, јуришајќи на бункерот и ќе остане таму?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- А требаше и јaс да си останев таму горе за секогаш...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Следниот пат одиме во Буф. Сега јас сакам да видам што од моите корени останало таму.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се вратил во конзулатот околу полноќ и останал таму до зори, бидејќи било крајно опасно да се движи по улиците.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
НАЈУБАВИОТ ПРСТЕН ОД ОХРИД
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Е па, тогаш ако ти било толку убаво со тие богаташи, што не остана таму? – рече татко ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Би останал? – праша мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Но уште посреќна што сфатив дека брат ми мислел на мене во Лондон, а јас глупавата, се плашев сосема да не ме заборави, па и да не остане таму за секогаш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)