Токо, налет ти голотиата. Ете, од Стоанка останаа толку алишча, нека дојде, нека носе, пците нека а носат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Татковата библиотека остана толку силна зашто заврши како негова последна верна татковина, во која не престануваа битките помеѓу источните и западните идеи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Бојан знаеше дека не треба да останува толку долго, зашто спуштањето низ Гола Глава зимно време по темнината не е лесно, па чувствуваше некаде во дното на своето срце зрнце страв кое брзо нараснуваше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Можеби зашто тој страдал и немал апетит, таа го презела напорот да го изеде јадењето, реков во полушега јас, сакајќи некако ако е можно да ја оправдам чудната постапка на таа мајка што, ете, останала толку години во сеќавањето на Симона.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Не знае никој - ни ти, ни јас. Никој, ако не си знаел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ повеќе ги притискала смртта на оние со кои пошле од своето бедно село што се споменувало само во даночната администрација или во беговските тефтери и се мачеле дури и на спиење од сеќавањето за вчерашните восочни лица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Останавме толку колку што требало да сме.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Х., тврди дека од човечкиот организам по смртта остануваат толку килограми и грамови нитросодиум, стронциум, калциумов карбонат, калциумов фосфат, колагени влакна, вкупно 43,750 килограми, а дека душа нема ниту милиграм!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Еда, што ти стана толку што зина, ѝ велам, и што остана толку зината?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)