Не успевајќи навреме да го стори пресудниот чекор, да појде кон Запад или кон Исток, насоките на неговите постојани илузии, останувајќи засекогаш во овој град, поверува во сигурниот реванш на судбината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Многупати во животот, при патувањата со вистински големи и брзи возови, кои го надминуваа и покриваа нашето вовче, тоа ни се враќаше и остануваше засекогаш во движењето низ тунелите на нашето сеќавање.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ја продолживме тивко молитвата на спасувањето, останувајќи засекогаш верници на нејзиниот непознат бог.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Остануваше засекогаш уверен дека историјата ја пишуваат секогаш само победниците, од страв од реванш, пораз.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)