останува (гл.) - некако (прил.)

Само она што го немаме при рака пекаме по него: она кое, не по наша волја, ќе ни се измолкне од погледот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зборуваме, зборуваме, и во зборовите секогаш ти, па ти, а сестра ти останува некако омаловажена. Но нема да е така.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со сивата паларија со црн ширит што започна да ја носи уште за време студиите во Цариград кај блиските по мајчина линија уште во дваесеттите години на веков, а од која не се одвојуваше до крајот на животот, со црната службеничка чанта преполна со книги, стари отомански списи, остануваше некако настрана од овие луѓе, забрзани во животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)