Помислувајќи на својата мајка, па на Ататурк и на средбата со него, тој чувствуваше дека, со откривањето на битолските сиџили, им се оддолжил на обајцата, со своето враќање од Цариград, откако не го прифати предлогот на создавачот на нова Турција да ја продолжи својата судиска кариера во Цариград и откако на мајка си никогаш не ѝ ја откри причината зошто го напуштил градот на Босфор засекогаш, во времето кога таа веруваше дека ќе ѝ се оствари сонот за неговото заминување...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Рајнер сакаше и тој и јас да студираме философија на Виенскиот универзитет, јас посакував со него да го остварам сонот кој некогаш го сонував со брат ми Зигмунд: да живееме заедно во Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Остварен сон! Нејзината среќа нема крај.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се оствари сонот, ја потпреа куќата, тргајќи го од пред куршумот... го спасија Нисета домаќинот...а со тоа и домот... ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Не знам дали му се оствари сонот, дека таму, како бојаџија и уметник пресликувач, ќе стане богат и, можеби, уште и славен.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го повторуваа и нејзините внуци без воопшто да го знаат значењето на овој збор, кој како да го заземаше местото на Бога во семејната молитва И кога Фетхи Окјар замина во Франција како амбасадор на нова Турција, баба веруваше дека постариот син, ако не успеа во Цариград, ќе успее да го оствари сонот на враќањето преку Париз.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Високи модри планини се брановите на морската шир; По нив делфини го следат патот на господарот лут До мудроста на Нереј, до вистината една, до благ допир Посејдон сака да стигне пред да се оствари сонот злосут.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
А потоа го минавме она растојание кое на невиноста ѝ се чини неизмерливо - растојанието помеѓу размислувањето за сексуалниот чин и вистинското соединувањето на две тела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)