Тука на писателите им е овозможено да се вклучат, да отвораат нови соби, ходници, интриги, да ги одвојуваат меѓусебно текстовите, да создаваат нови врски, да ги дополнуваат или обезвреднуваат текстовите на другите, да ги менуваат насоките на заплетот, да манипулираат со времето и просторот, меѓусебно да си ги убиваат јунаците.” (The N.Y.T....)
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Дали овие нови електронски медиуми ја играат својата иницијациска улога еднакво делотворно како постарите, потрадиционални друштвени мрежи, дали го шират или го стеснуваат достапниот опсег на квир- информации, дали отвораат нови описменителски можности или ги сведуваат геј- културните референции на ограничен збир стереотипи – сето тоа допрва ќе треба да се види.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Животот е како магија, секој ден ни отвора нови порти од други светови.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Така полето, во Дрмине, си отвора нова врата кон небото и сонцето којзнае по колку години, а може и векови, одново згазува на земјата. На голата земја, покриена само со сенки, со темница и со влага.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Секој третиран турцизам за нив отвораше нови хоризонти во расветлувањето на односите помеѓу луѓето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Расчистуваат луѓето, клаваат межници и крстици на средината од нивчињата. Цело село си отвора нова работа, си ја проширува старата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но по долгата расправа само за десет турцизми, тие имаа чувство дека ги очекуваше работа, која ако се одвиваше со досегашното темпо, немаше да заврши и до крајот на нивните животи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)