отвори (гл.) - ја (зам.)

Отвори ја устата. Девет, десет, единаесет заби ти останале.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Море, не ломоти многу, туку отвори ја вратата или подземи ги дрвава!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Квечерина ја раздиплуваше известената војничка карта И на неа се мачеше да го распознае својот глас Врз полегнатата војска низ полето Ја корнеше мовта, го соголуваше камењето на тврдината Раскопуваше низ полето, ги чистеше рововите, И некаде на залез, студен ветер кога надоаѓа од замаглените ѕвезди, Тој долго стоеше простум и со војнички поздрав сам си ја пееше песната некогаш што ја пееја неговите момчиња: Отвори ја вратата, можеби ноќва ќе се вратам...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А, и отвори ја вратата патна. (Ката излегува.) Маро, што велиш ти, да има некој дојдено и да има најдено затворено, да е вратен?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И никаква мисла во неговата глава не му вели: „Крени ја раката, отвори ја устата, стани...“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Отвори ја вратата и ќе ти влезе в соба...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отвори ја пак устата, ќе ми велат, аткрој! Ну, аткрој, ајде сега, ешчо раз!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Попот ќе плати за сево ова. Вие не сте криви; тој со тие неколку ебепцази ве подмами да се земете на душа и уште кај ве мами. Не слушајте го него: отворете ја портата и излезете барем вода да се напиете...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така бојадисани безбели биле и соновите На морнарите од крстарицата Аврора И така бојадисаните сонови најлесно се ределе во матушки Отвори ја најголемата матушка во неа има помала и во помалата помала Сѐ така до помалата од најмалата матушка
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Отвори ја портата на срцевата градина, чуварот потонал од уморно чекање.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
БЕЛИ И ЦРНИ ВРЕЌИ
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А дотогаш сите ќе земеме збогум: јас, кумата, планот, на водата домот. Деновиве, сепак, неспокојно ќе пловат. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 143
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стој сега ко знаме кај освоил сонот и третата мена отвори ја в понор.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)