Иако знаеме дека две проекции на еден ист филм не се секогаш идентични, Ворхол отвора можности за интерпретација, како во врска со звучната слика, т.е. озвучувањето на своите филмови, така и во поглед на редоследот на прикажувањето на ролните и нивниот меѓусебен однос (во Девојките од челзи кој се прикажува симултано на две платна, односот на ролните не е прецизиран ниту временски ниту со распоредот).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
За разлика од раните бучни неми филмови на коишто со монтажа им беше додаден звукот (на пр. митралезите од Ејзенштајновиот Октомври, 1927), Ворхоловите филмови тематски и концептуално, во својата структура се неми, лишени 102 Margina #15-16 [1995] | okno.mk од монтажа и движење на камерата, значи од филмскиот јазик (Kiss, Eat, Empire), па и нивниот оригинален звук малку би им користел, или пак натуралистичкото озвучување би донело до симнување на нивното естетско ниво и концептуалната чистотија.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Богдан виде дека со тоа ги сврлува од на себе сите грижи и дека му се отвора можност за вистински, господски живот кај неа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Но тоа излегување не стои во спротивност со принципот на умот, туку тоа дури ја отвора можноста за прашањето на умот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Томаица зборуваше како се надева дека со ова ќе ѝ се отворат можности за понатамошна соработка со Перуниќ, дека можеби ќе може да патува за Белград и да асистира на уште некоја ревија или припреми на нови колекции.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Тоа отвора можности за парализираните луѓе, коишто би можеле во неа да го доживеат искуството на одење, што во реалниот свет им е оневозможено.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Како позначајни промени во работничките права на странските работници во периодот 2010-2014 можеме да ги утврдиме: бришењето на експлицитната обврска странецот заедно со барањето да достави и деловен план за подобност од самовработување, каде што ќе биде приложена инвестиционата и економската придобивка за државата, бројот на нови вработувања, како и доказ за расположливите фондови за реализација на активноста; за да биде издадена нова работна дозвола, странскиот преместен работник дополнително се задолжува да достави доказ дека за него се подмирени сите давачки кај работодавачот каде бил претходно работно ангажиран; се утврди временски рок од 5 дена за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи и сертификати по поднесувањето на барањето за работна дозвола; се отвори можност за странецот барањето за издавање на работна дозвола да го поднесе и во АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Т. Гамкрелиѕе СЕМИОТИКАТА НА ПИСМОТО КАКО СИСТЕМ Разгледувањето на писмото како семиотички систем го поставува истото во низата на други семиотички системи оформени од човекот и ја определува теоријата на писмото како поглавје во општата теорија на знаковите системи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Со тоа се отвора можност кон системот на писмо да се примени низа од оперативни поими, кои се разработени во други семиотички дисциплини, и пред сѐ, во науката за јазикот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)