За повремени патувања се изнајмува автомобил.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Постои, и сите знаат дека постои, мистерија, но тоа не е решение.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ако е претопло, се отвора прозорецот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ќе им отвориш и ќе ги внесеш во другата одаја.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Домаќинот како попарен скокна, го отвори прозорецот и погледна надвор.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Беше уморен, но не му се спиеше повеќе. Го отвори прозорецот, ја запали малата валкана печка на нафта и стави чанче со вода за кафе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Само да ги отворам прозорците, одамна не сум била тука.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се сожалува Богдан, ѝ го отвора прозорецот да влезе внатре, но таа одново бега.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Господ затвора врати, отвора прозорци, голем е.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Го отвори прозорецот. Дождот одамна имаше престанато да врни. Птичките весело цвркотеа.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Чекај, ја... (Оди брзо и го отвора прозорецот.
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Но, ако го отвориш прозорецот, е тоа е веќе нешто друго, му ги допираш без проблем ливчињата, му ја чувствуваш одблиску миризбата, едноставно „го имаш“. Ете, така некако е и со мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Потем го отвори прозорецот и ја спружи дланката на којашто спокојно лежеа двете листенца.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Од сиот тој чад веројатно многу мирисаме, затоа што Марија ме гледа со неодобрување кога ќе влезам во соба и го отвора прозорецот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Марија дише рамномерно, со големи здивови, понекогаш ’рчнува и се помрднува кога јас и Дејан стануваме премногу гласни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Или мислата на Венценосецот наврати за да ти ги отвори прозорците.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Со тие коњи кои сега некако ги олабавија ремените; кои ни сам не знам како, однадвор ги отворија прозорците, и без да ги збуни крикот на семејството, ги провлекуваат главите секој низ по еден прозорец, па така мирно го посматраат болниот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Мајката стои крај постелата и ме мами да дојдам; ја послушувам и, додека еден од коњите на сет глас ’ржи кон таванот, ја потпирам главата на градите на младичот кому му минуваат морници под допирот на мојата влажна брада.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ги отворија прозорците, вратите, па со метла го изметоа подот на стариот вагон, со крпа ги избришаа клупите од правот, пластен на нив со години, го проветрија убаво, па послаа на две клупи две чергичиња и легнаа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)