отвори (гл.) - нов (прид.)

Сега ќе се отворат нови објекти, па така, се надева, дека „бетонците“ пак ќе бидат уште долго време на работа во Кралупи...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, кој е тој што во наредната сезона ќе биде задоволен со резултатите од изминатата година, дотолку повеќе што се прават нови вложувања, се отвораат нови хотели, ресторани, се дотеруваат и украсуваат туристичките комплески?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Товарните автомобили идната година веројатно ќе се исклучат од движењето по главните магистрали, ќе се отворат нови паркинг-плацеви, ќе се постават околу 40 нови семафори, а пешакот ќе добие предност пред автомобилот. Барем такви се очекувањата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во овие градови се планира да се отворат нови живеалишта уште за 4 до 6 милиони жители.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Слушнав дека во центарот на Портланд се отвора ново место наречено „Психоделична продавница”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кон половината на XIX век, Константин Држилович од с. Држилово - Воденско, во Солун отворил нова печатница, во која за разлика од претходните, се печателе книги на македонски народен јазик, но со грчки букви.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Освен печатарството, македонската буржоазија го форсирала и градежништвото, сликарството и резбарството.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Штета што се испушташе оваа огромна бројка на латентни курвичиња и спонзоруши, а власта одамна требаше да отвори нова стапка за оданочуење у Буџетот за што сигурно двојно ќе се зголемеше.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И, иако опсегот на овие можности за доживување кај секој поединец е различен и ограничен, сепак психоделичното доживување им отвора нови психолошки видици и огромни можности за креативни рекомбинации и дескрипции во уметничка форма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Губењето на целината на претставата за убавото за жал се случува токму тогаш кога ќе отвориме истовремено многу врати од тие разбранувани спомени па тие неконтролирано ќе нагрвалат, како незапирните води од поплавите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ќе се најдев неочекувано во таа приказна час ми се чинеше дека станува збор за еден ктаток миг, час ќе се издолжеше тоа мое присуство во приказнава цела една вечност, а кога гледам на времето како на денови подредени еден зад друг како да станува збор за поминување низ животот и секое подзастанување претставуваше нов детаљ што отвора нова врата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На пример, кога една комерцијална организација отвора нова гранка во некој друг град, таа праќа таму свои луѓе за да го одржат континуитетот, во однос на неформалните како и на формалните правила и рутини, кои на тој начин се реплицираат и организацијата го “раѓа” својот потомок. (...) Така, во согласност со двете линии на моето излагање - само-организацијата на експресивните знаци и еволуцијата на институциите преку рутини и репликација на правилата, може да се изведе заклучокот дека нашите домови им се слични на териториите на птиците - многу повеќе отколку во метафорична смисла. (...) Она што може да се заклучи на крајот, е дека еден ист процес (или поточно различни процеси во кои е вградена иста апстрактна машина) е тој што резултира во ентитети толку различни како што се човечките хиерархии, телата на животинските видови, дури и карпите - сите тие се структури во кои се обединети хомогени елементи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но, свесна сум дека животот отвора нови страници, нови предизвици.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се отвораат нови ниви и ливади. На ливадите, по косидбата се бореа селските бикови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Низ дијалог, терапевтот и Џон заедно ја идентификуваа „способноста за шегување на сопствена сметка“ како нова димензија во личниот развој на Џон која би му отворила нови хоризонти, недостапни за татко му.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Баш пред некој ден читав во еден весник дека, замисли, во еден град кој се вика --- Македонија! --- во државата Алабама, отвориле ново основно училиште во најмодерен стил.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Јас се враќав крај бреговите на Езерото во една од варијантите на враќањето од егзил кое во суштина не постои.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да бев предодреден со кодот на мојата баба, во животот да отворам нови врати.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но кога ќе го променат, ќе заминат во потрага по ново огниште, тоа е засекогаш, ќе се отвораат нови врати кои биле дотогаш затворени засекогаш, вратите на границите, неизвесноста На повикот на блиски: или ќе бидеш со нас или против нас, Татко го избра третиот пат, патот на егзилот, на неповратното заминување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се покажува дека Ема била во право: јас сум Тој Некој кој допрва ќе ги испишува празните страници од нашите животи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега се отвора нова страница во мојот живот како прва страница на роман што можеби некогаш ќе го напишам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А што било? Јас можев веќе да ја заокружам приказната: Во ноември 1944 година, кога почнува посистематско собирање на таканаречените отпадници од народот, соработници со окупаторот, квислинзи, воени богаташи, кулаци и слично, за Борко Угрин се отворило ново поле за дејствување.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Новите лесноумни петпари не даваат За старите поговорки Тие секоја гунгула ја нарекуваат креативност Потем така наречената креативност уште и ја остваруваат И за секој непочнат сон отвораат нова страничка на интернет Ѓоа некому му е гајле што сонувале баш тие Па ќе тарашка по нивните непочнати соништа на интернет Јок џанам, многу бргу се разоткрија Распродавачите на селански соништа На градските плоштади
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Но така е до разденувањето, а штом ќе се развидели, луѓето продолжуваат со лопатите да го чистат снегот, да отвораат нови премини или да ги продолжуваат оние патеки што ги оставиле вчера или кои новиот снег ги зарамнил; се собираат на широкиот пат крај езерото и зборуваат за сè и сешто, а најмногу за мобилизацијата, за своите најблиски од кои немаат никаков глас и за кои не знаат каде ќе ги истават коските...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа бил оној момент кога настанал целосен пресврт во однос на носителите на борбените акции во Македонија, каде што започнале операциите за нејзино конечно ослободување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Капитулацијата на Бугарија отворила нова страница во известувањата на американскиот печат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Наместо преведувањата да го фиксираат истото значење, тие можат да обезбедат нов простор за игра, да ги прошират границите, и да отворат нови авении за натамошно разликување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се отвори нов фронт и ние се истргавме од огнот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)