Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
И пред да прашам, пајакот во моите пазуви ми ја откри вистината: Мортенија се храни со струја од некој генератор илиод батерии.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Кога ќе се раздени, ќе дојдеме по тебе.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Чанга добро знаеше дека татко ми мисли на Сталин, па затоа еднаш и му рече: „Ако треба до крај да се открие вистината за козите, ќе одам и кај Сталина! Козите морам да ги спасам!“
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)