Не можеше да се открие друга точка во просторот и времето, освен во овој храм, во која толку многу се доближуваа и се вкрстуваа Европа и Азија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Често пати дали ќе биде осуден некој револуционер или, што било уште поважно, дали ќе се ограничи само на него или ќе земе пошироки размери, зависело дали тој ќе го признае обвинението или не и дали ќе открие други.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Книгите му нудеа и безброј можности и патишта да се открие другиот, различниот, да се здобие неговата доверба, неговото пријателство.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Патуваат, разменувајќи мислења со други луѓе, откриваат други култури, запознаваат туѓи навики и карактерни особини.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)