Најпосле, без оглед на тоа дали постојат или не постојат суштински ограничувања, целото поле покриено од страна на кибернетичката програма ќе биде поле на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оваа ситуација отсекогаш се навестуваше.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Под претпоставка дека теоријата на кибернетиката може во себе да ги смести сите метафизички поими - сѐ до поимите на душата, животот, вредноста, изборот, сеќавањето - кои до неодамна се употребуваа во смисла на спротиставување на машината и човекот7 таа треба да го задржи, сѐ додека не се открие неговата историско-метафизичка припадност, поимот на писмо, трага, грама или графема.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Една недела подоцна, полицијата го откри неговото тело прекриено со муви и го фотографира.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Расположено по страните на длабоките кањони на реката Јантра, по бреговите распослани на острите северни падини на Стара Планина, Трново не дозволува да се изнајде точка од каде што ќе се зајазило Трново, делумно и скржаво ги откриваат неговите необични убавини.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, сепак беше тешко да се открие неговиот вистински идентитет.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Гласот не ќе ја открие неговата машкост распламната во малото сопче крај острите колкови на првата Ева од неговиот живот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Знаеше дека го откриле неговиот поглед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш го чу неговиот кикот, вриската на разигран коњ, на стомакот ја сети топлината на неговите раце, на ушната школка допирот на здивот, но огледалото не можеше да ѝ го открие неговиот лик.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Но момчето не ги слушало веќе зашто во кафезот на неговите млади ребра срцето му трепетело како штотуку разбудена птица; не зашто умниот песнопоец Богдан Преслапец или најстариот со гајда Каменчо Скитник не можеле да објаснат дека битието се обврзува да му служи на духот што низ векови бил тајна и копнеел по тајни како кога се пеело ој ти тебе ѕвездо вечернице, уште мене јунак не познаваш и не зашто мирисот на смртта го урнал на коленици сневеселениот Богоја Гулабарин: зад нив, меѓу карпи и мртви или полумртви стебла, стоела како фатена во нишки на магија немата девојка Ганка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кришум, додека луѓето се собирале да го определат местото за гроб, Лозан Перуника се стрчнал со намера да ја спречи девојката да се доближи и да ја открие неговата тајна, ноќните грчења и возбуди од кои до зелените мугри на пролетта крвта му се испарувала низ облеката.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Арафат и Палестина, како и Тунис и арапските и неврзаните земји, кои продолжија да живеат во мене низ неколку незаборавни пријателства, на кои времето не им може ништо, беа дел на едно минато чии вредности не можеа да влезат во никакви дипломатски вредности, адути, во прилог кон другите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И така, првата директна претстава за него ми ја откри неговиот соборец, повеќе со перо, отколку со меч, големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, но не во Картагина туку во Струга, во Македонија, на бреговите на Охридското Езеро.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
САЗДО: Не си загрижен?
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Саздо застанува зад него но Мишко го открива неговото присуство и не се изненадува.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Види, бога ти, треба човек да умре, па дури тогаш почнуваат неговите познати да го откриваат неговиот карактер и празнината што остана.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Јун Јианг рече, “Небо, ти ми даде знаење за своето постоење и ми ја откри неговата тајна.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)