А сепак, сосема осмислена среќа дека еден нов свет ѝ се открил сосема природно, сосема блиску, сосема некомплицирано и лесно, таму, на неговите усни, во неговата дланка и на неговите гради.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И потем легнав под дрвото; бев решена да му исполнам на тоа несреќно будалче сѐ што ќе посака; го открив сосема стомакот, и тој почна со својот ритуал; сипуваше по неколку капки во папокот, и потем со јазикот ги лижеше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)