отскокнува (гл.) - од (предл.)

Рунтави пасалки, пци пазалки, височини – можеа тука да се доцртаат и кенгури и ноеви доколку не би отскокнувале од сликата.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Мојава приказна продолжува на единственото место кое донекаде умееше да отскокнува од правилата на здодевната улица.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
МЛАДИЧОТ: (Скоро отскокнува од навреденост.) Вие не ме познавате мене и јас со ништо не сум Ви дал повод да се сомневате во мене.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но тој вид пропаганда не успеал да ги издржи притисокот на времето и вистината.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ваквите информации во 1942 година за Македонија отскокнуваа од дотогашната зацртана британска политика да се фаворизираат Дража Михаиловиќ и четничкото движење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа беше бодликав, мал и изворен страв, кој отскокнуваше од страшното отсуство на стравувањето пред почетокот на нашава наративно хаотична приказна.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)