оттргнува (гл.) - од (предл.)

Млакиот млаз врз врелиот тил за миг го отргнуваше од треската па се враќаше кон креветот и мислеше дека ќе го победеше мракот еднаш за секогаш ако во бесполезните години ја проучуваше хемиската супстанца на таинствената светлост на светулките.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се оттргнува од неа и си заигрува низ дворот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И конечно, третата ја крши самиот снимател, односно режисерот, кој не го прекинува бележењето на овој настан ниту се меша во него иако далеку се надминати зададените рамки, и со тоа дозволува еден неморален чин.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во оваа секвенца, условно рече­ но, играниот филм се претвора во документарен, и како таков се оттргнува од контролата на протагонистите и творците.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)