И не се излага Иге. Толе ја прегази прв Црна баш на Скаклевите воденици каде што претполагаше и Ѓорче, и под самото Чаниште ги дочека четите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
• И остана Ѓорче со дружината — поп Пана и Игета —тука, а Тоше и Милан тргнаа да ја фатат со ноќ Маргара и да видат ќе има ли однекаде некој абер или паднаа вчера в раце — Ако никој друг, Толе сигурно им има побегнато на агите — го уверуваше Иге Ѓорчета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Убав лов падна вчера.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)