Бидејќи патам од реума, сум се лечел во многу бањи со иста ваква вода што ја има нашево село.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Но, уште поизненадувачки беше типот на мрза од која страдаше У. (Може да се каже дека другите повеќе патеа од нејзината мрза.) Тоа не беше обична, туку заразна мрза.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Можеби во себе и сам со себе зашто живееше за двајца и во него живееја двајца: едниот ноќе се закануваше, другиот наутро патеше од тие закани.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ти патиш од оригиналност со која се обидуваш да ги освоиш луѓето.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Исто така, тие немаат ништо патено од нас.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Умеам да господарам со себе, не патам од халуцинации, не сум ни мистик, ни егзотичар.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)