Сѐ повеќе ги притискала смртта на оние со кои пошле од своето бедно село што се споменувало само во даночната администрација или во беговските тефтери и се мачеле дури и на спиење од сеќавањето за вчерашните восочни лица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Возот тргна кон Австрија низ која се патуваше дење, па одвреме-навреме уживавме во убавата попатна панорама која нѐ следеше сѐ до првиот мрак, кога влеговме во нашата земја, кај Јесенице.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Да, ПаризИстанбул, како пејзаж забележан низ замаглените прозорци од возот кој патува дење и ноќе, додека патникот, макар што не добива точна информација за пределите низ кои минува, чувствува дека во него се отвора еден внатрешен простор кој е с поширок и поширок.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)