пее (гл.) - некој (зам.)

Ако е потребно, имам јас врски – самоуверено вели Иван и навистина, без никаков проблем, влегуваат во болничката зграда.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога се враќаа кон Гогов Валог, доктор Коста пееше некоја дамнешна песна, песна од неговото детство што сега ја отпрета од заборавот, инженерот Александар се потпираше врз карпестата снага на Кирил, зашто не можеше да го држи патот и се обидуваше да го придружува во песната доктор Коста, во што никако не му успеваше, а дедо Димо го креваше стапот високо над глава, им кажуваше нешто на буките, на ридјата, на тревките, а во душата му беше лесно и светло како одново да се родил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се сети: пееше некој меѓу стеблата а златниот, леплив сок на дрвјата врело ги полнеше ноздрите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Лифтот не запира, но качувањето трае долго, како во порно филм. – Супер е, само цревото пропушта вода – му вели Гога од спалната, а тој е веќе во бањата и пее некоја ла-ла-ла канцона.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
БОРИС: Не се разбираме. МАТЕЈ: Не. (Пауза) БОРИС: Алал вера. (Пауза) Мене цел живот ми помина како да сум во хор што пее некоја важна хорска песна.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ме положуваат крај ѕидот, од онаа страна каде што е раната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И тие доаѓаат, членовите на семејството и селските старешини, и ме соблекуваат; училиштен собир, што го предводи учител, стои пред куќата и пее некоја мелодија со прост текст.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)