пие (гл.) - кафе (имн.)

- Бре аферм2) - расправаше јанинскиот паша пиејќи кафе во Јанина.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во тој дух и го почна разговорот една приквечерина, додека го пиевме кафето по кусиот одмор попладнето, одбегнувајќи ја на тој начин, колку што беше можно, жегата на денот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По тие два дена, одново се сретнавме. Сега тука, во неговата канцеларија, беше дојден и вториот човек на партијата на власт. Седевме тројцата и пиевме кафе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И навистина, во кафеанчето му се приближи еден од прилепските чорбаџии, со кого кајмакамот често пиеше кафе и нарача две кафиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стварно не ми е јасно зашто ги продаваат нивите у село и даваат по 100 000 еура за трособен стан у строг центар да се потат на 75 степена и да пијат кафе за 100 денара.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во Франција, долго време, чајот е третиран како премногу отмен пијалок и бидејќи таму луѓето пијат кафе, пиењето чај би можело да изгледа делумно снобовски.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нека и натаму во салонот пијат кафе од шарените порцелански филџани од Кина, нека се судираат со своите добри, заситени очи со прекорот на долгото умирање.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И додека го пиевме кафето стариот Влав – Саракачанин ни дораскажа дека тука, во опустошените костурски села Д`мбени, Косинец, Лобаница и Смрдеш, како и во Преспа рај им ветил еден грчки политичар и државник, најбогатиот Влав меѓу Власите во Грција.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Службениците во Авто-мото сојузот лежерно пијат кафе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Социјалниот работник како даночник кој треба да го наплати долгот, утрото веќе го пиеше кафето во персоналното одделение.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се зближуваш до тој степен со семејството на избраниот што стануваш член без кој не пијат кафе, не ручаат, не легнуваат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Значи и навечер си седам пред Барон и пак и пак си пијам кафе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Ситно сечи го кромидот”, „Убаво измеси го месото”, „Не штеди на кашкавал... нека биде шарска баш!”, го слушав нејзиниот глас додека од долниот балкон му делеше инструкции, а таа, веќе здружена со сите фамилии, распиштолена пиеше кафе со Фиданчо и неговата половина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Седевме, пиевме кафе и молчевме во еден момент, кога младичот замавна со раката кон девојката која во тоа време влегуваше во градината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој стана, тие двајцата се бакнаа и додека сите гледаа во тој бакнеж, таа се ракуваше со него, иако обете нивни раце беа обвиени околу нејзините раменици.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сѐ што да фати, долго држи в рака: чашата со која пие вода, лајцата со која јаде, филџанот со кој пие кафе, ризата со која се брише, шипката од креветот за која се фаќа кога станува, бастунот со кој се потпира, рачката од вратата кога ја отвора и затвора, и секој предмет што го допира - го допира долго како да сака на него што подолго да го остави својот отисок, својот траг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тие што пиеле ракија се пијанеле и пееле, не се сметале опасни за режимот, но тие што пиеле кафе и молчеле се сметало дека потајум подготвувале комплот против режимот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
35. КАДИЈА.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На другата страна од просторијата, седејќи сам покрај една маса, еден ситен човек кој необично потсетуваше на бубалка, пиеше кафе додека неговите ситни очиња фрлаа сомничави погледи час на една, час на друга страна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бараше да пие кафе. Бараше да пие вино со скапите зачини што не можеа да ги пронајдат, и пак се тресеше како да го оставиле надвор на снегот, гол, со мразулци под пазувите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На малите масички, пријателки пијат кафе, гестикулираат, се смеат, раскажуваат за нивните љубовни доживувања, за нивните женски проблеми.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Излеговме од болницата, седнавме во едно кафеанче каде што најчесто пијат кафе и јадат студентите и докторите од Медицинскиот факултет.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Неговото кафене беше единствено собиралиште, и додека едни пиеја кафе или ракија, други играа комар, а во преградата од десната страна тој ги сечеше четките на селаните или им ги светнуваше еднаш во неделата лицата стругајќи им ја брадата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Клучен доказ е тоа што ниту еден животински вид такво нешто не практикува... како па за сѐ друго да сме идентични со животните: пиеме кафе ко жирафи, играме шах ко фоки, сурфаме по Интернет ко двогрби камили, те цепиме атом ко млади мајмуни.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
На една, четворица пијат кафе, - тројца наместени за сликање со укочени торза и збунети полунасмевки.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Сега седи мирно, пиј кафе или мастика и слушај ја наредбата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Двајцата побратими задоволно се смешкаа, пушеа и пиеја кафе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да ти ебам луѓето. Само нешто чекаме. Сите пијат кафиња.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Да тргнам малце, да видиш како ќе дотрча. Таму пие кафе.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Морам да им кажам дека сум многу старомоден, практично пуританец, и дека единствено пушам како оџак - сега кога на секоја кутија цигари се наоѓа предупредување, на секоја цигара има по два филтера - и дека пијам кафе наутро, напладне и ноќе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дик Хигинс рече дека изел парче muscaria и дека од тоа видел зајаци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога ќе го споменам своето интересирање за печурките, повеќето луѓе веднаш ме прашуваат дали сум имал некакви халуцинации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Обично бабите од населба си пиеја кафе една кај друга, но бабите на Дора и Ане само љубезно си велеа „добар ден“ или „добро утро“ кога врвот од главите ќе им се ѕирнеше од зад живата ограда што ги делеше нивните дворови додека ги простираа чергите или ги полеваа цвеќињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- О! Јас не пијам кафе! - рече таа и несмасно се насмевна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Скаменето стоеше и гледаше некаде. Можеби пиеше кафе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја зеде тепсијата, се насмевна и рече: - Утре имам час рано утро, имам резултати од тест. ­ Ѓорѓија само се насмевна и ѝ посака добра ноќ.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мојата теорија се потврди и кога седевме сите во гостинската соба и пиевме кафе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
(Ресторан на железничка станица. Херцог пие кафе. Пауза. Доаѓа Сивиќ. Седнува крај него. Пие.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Читај ми - рече таа, - а, јас ќе пијам кафе и ќе уживам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Одлично што дојде, - му рече татко ми, - барем ќе има со кого да пијам кафе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Подоцна, додека го пиеја кафето во сенката на дворот, Перса проговори со чудесно мил глас Златна ќерко, денеска имаше долг разговор со мајката Богородица!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И двете знаеја дека тоа се должи на разговорите што ги водеа додека ручаа или во неделите додека пие кафе на масичето во дворот заплиснувани од опојните миризби на цвеќињата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Седиме вака насамо: пушиме и пиеме кафе, си потпуштаме каделки чад над главите, а таа само потпрашува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седнавме во едно кафуле покрај плажата и пиевме кафе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Девојчето и дечкото што работеа таму беа баш фини, па убаво си разговарав со нив додека го пиев кафето на шанкот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Значи откако ќе се вратев од плажа, јадев, па пиев кафе со газдарицата на куќата или со Американката која беше сместена во собата до мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да бидам осамена во мојата своевидна лабораторија, кога сите се дружат, одат на работа како нормални луѓе, пијат кафе на пауза со колегите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- А, јас бев, пиев кафе и пак се вратив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)