Беше лето и имаше месечина, пиевме лимонада држејќи ги студените чаши во рацете, а Тате го читаше стерео-весникот вметнат во особена шапка што ја ставате на глава и која ги врти микроскопските страници низ зголемувачкото стакло штом трипати едноподруго ќе трепнете.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Солените зраци залудени ги покануваат рибите на валцер...ен два три...морнарски капи – мистериозни мапи...ен два три...љубовниците пијат лимонада – осамените сонуваат серенади... ен два три... загубени гаќи – јато страчки... ен два три... чамци прамци ланци и други тракатанци... ен два три...ен два три...еве ги моите родители, испокасани од решетките, сепак се вртат ритмично и лесно, иако сенки – гостинки сред радосното братство, иако...ен два три...иако го наслушнувам татко ми како мрмори: - Денот е како лист.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)