пие (гл.) - млеко (имн.)

РАЈНА: Бебињата пијат млеко.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Од бебешки денови создаваат робот и никако не можеш да се ослободиш од: миј заби, миј лице, триј раце со сапун, облекувај чисти гаќи, и чиста маица, и чисти чорапи - секој ден! - секој ден! - и чешлај се, и пиј млеко, и јади леб со мармалад... секој ден - сѐ според еден калап...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога сите шумови се стишаа, срипав од постелата и брзаница ги извршив сите утрински задолженија. По ѓаволите!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На борците им велеше дека владините војници секој ден јадат бел леб, варено и печено месо, чоколади, дека наутро пијат млеко, чај со рум и кафе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така притаен, божем спијам, наслушнував: влезната врата се затвора; се слушаат чекорите на мама - “Цап - цап -цап - цап!“ како малечки чеканчиња удираат топуците; тато не се слуша; со меки ѓонови се движи како пантер.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И покрај молбите и наговарањето од страна на медицинските сестри, не сакаа да јадат сендвичи и да пијат млеко.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)