Едо, пикајќи ги парите во џебот, рече: „Ќе влезам малку во гаражата.“ „По куферчето и палтото?“, рече Ратко кој пред да затвори го забележа и се исчудуваше зошто се тука тоа куферче и тоа палто оставени во гаражата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)