Татко се увери дека можеше да се пишува нова историја за османското време само врз основа на автентичните документи која би имала сосем друг поглед врз озлогласените институции посебно во мотивите во промената на Бога, на јаничарството, но и за позитивните облици на соживот меѓу христијанското и муслиманското население во долговечниот период.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Всушност, неговата незавршена книга можеше да се смета и за еден вид дискретен и ненаметлив апел до идните генерации дека Балканот треба да почне да ја пишува својата историја низ бројните документи и сведоштва, наместо да чека да ја пишуваат новите победници! Новите јаничари...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Наскоро почна општа ревизија во поглед на карактеристиките, едни се прогласуваа за застарени, неполни, се пишуваа нови.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ако ви го раскажам долготрајното пријателство со Патрик Крисман, тоа можеби ќе значи да започнам да пишувам нова книга во мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Пишувам ново четиво. Ново поглавје , дел од него. Но не можам сосема сама..
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)