Ја гледа Богдан Видуша допрена до него на сликата пред училишната врата и му навираат нејзини зборови од писмото што го најде во ковчегот заедно со другите неиспратени писма: „Еве ти пишувам пак, иако не знам каде да ти го пратам писмово.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)