Пишувам уште една приказна, или писмо, за љубовта. За мене, набрекнато кубе на Даут-пашиниот амам го преполнува речиси целиот прозорец.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Продолжив да размислував за пораките што ми ги упатуваше стариот Раиз, со кралско име, а со обична, минлива судбина. Во мислите ми се вплеткуваше анти-телеграмата за маргиналниот јунак на Картагина со содржината на телеграмата што ќе требаше да ја пишувам уште вечерта во амбасадата, по приемот кај новиот владетел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)