На Стојана навикна како на другар и брат, но од Неда се некако му се тресеше душата и никако не сакаше да остане насамо со неа, макар колку да другаруваа. Не знаеше ни тој, ни таа што ги плаши толку едно од друго, но, ете така, просто се плашеа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Меѓутоа, Родна не е ја плаши толку, колку Германа на Долги Тодор.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тој оттаму не се плашеше толку од козите колку што се плашеше од самиот себе.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А беше богата и писмена и тоа ја правеше наперната и осорна; беше и разгалена меѓу деветте сестри и единствениот брат, кој пак за несреќа, доведе за жена една божја бубалка, Паунка, од селото Булачани, која ѝ се плашеше толку на Тодора, што везден ѝ се тргаше од патот и ја направи оваа уште посурова.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Учителот многу ме засака, постојано ми даваше волја да учам, и бев една од најдобрите во одделението па веќе не се плашев толку од него.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Мајка ми не се плашеше толку од небото прекуден, но ноќните ѕвезди сакаше да ги згасне, и понекогаш скоро како да ја гледав како посегнува кон прекинувачот во главата што никако не можеше да го пронајде.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)