Кога еден поасолен нов сонувач Од Чешка ли од Полска ли ќе да беше Апла им плесна в лице Дека од старите соништа со петокраки Полоши се само новите противсоништа
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Извини, но морам да ти плеснам в лице дека си грозна, сега морам да бидам начисто со тоа дека работата е семејна, не си ти инаква иако се надевав дека си исклучок, момент кога сè она што боли престанува и ѝ го одстапува местото на лагодноста, пенливо дрдорење и тогаш се губиме зад аголот; гледаш, испадна уште полошо, се појавуваш како опачина на мојата надеж, цинично ми го трескаш прозорецот и остануваш таму, чекаш да ги навлечам чизмите, да го земам капутот и чадорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Посака да го фати Томо под едната, а Виктор под другата рака и на сите вистината да им ја плесне в очи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)