Докторот пак дојде да го види. Богдан му се пожали дека лошо спие, дека го измачуваат лоши сништа и му побара нешто за смирување.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Змејко секако го препозна и по неговите тенки, прави раце, со долги жолти прсти, со кругли плочки на необичните нокти, со кои оној побара нешто од него. Беа две пегави раце.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сигурно некои од војниците, си мислам, сигурно некој извалкан војник сака да праша нешто, да побара нешто.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)