Успехот на единиците на Црвената армија на Источниот фронт, како и напредувањето на британските и американските единици на сите фронтови во текот на 1943 година го навестуваа поразот на коалицијата која се стремела кон "Новиот поредок".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Секако дека присуството на британските воени мисии на териториите на Албанија и на Грција, кои се движеле во пограничните подрачја со Македонија и биле сведоци на борбите на партизанските единици со Италијанците, Германците и Бугарите, имало влијание да се побара испраќање воени мисии во Македонија во единиците на НОВ и ПОМ, за да можат да се запознаат со сето она што се случувало на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)