побара (гл.) - објаснување (имн.)

Захаријадис не дозволи Маркос да му постави прашања, да побара објаснувања. Сите го послушаа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Смеј се, батка, смеј се! Ама јас лично имам видено такви огнени топки, а еднаш, одамна, една слична ми профуче и над главата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во речникот на Братољуб Клаиќ побарав објаснување, ама од тоа што таму е напишано малку разбрав. За Ерика Јонг ништо и не најдов.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога секретарот на организацијата побара објаснување во врска со изнесените обвиненија јас реков дека се извинувам поради истакнатите слабости.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или барем да побара објаснување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем не се случувало и од планината да се стркалаат камења и стебла придружувани од молњи што го изгубиле своето небесно живеалиште.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Постојат такви моменти, кога човек и покрај најдобрата желба, поради многуте објективни околности сепак заскитува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На Рада некои работи не ѝ беа јасни, затоа побара објаснување од Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)