Познаникот повторно дошол кај Павлов и почнал да го моли со солзи да му прости, но наместо да му ги врати парите, му побарал други.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„Нека побара друг ако џебот не му е празен.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По една своја воздишка на грижа, челникот можел да процени дека познавачот на треви е болен и се сетил дека така исто бил црн и Симон Наконтик дури и по смртта и го побарал другиот тревар, го нашол и го прашал навистина ли од чумата или од улерата се поцрнува пред умирање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Оваа Фиданка, Доце, може и не е виновна. Плодните ниви бараат стробјаци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Орал маж ѝ, доорал, побарал друга нива, воздивнал Гавруш Пребонд.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И во исто време проговоруваат Да побараме друга скала, белки не била само една.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но ако не се прави ништо за да се пробуди интересот на читателите, тогаш луѓето повеќе ќе сакаат да се занимаваат, се разбира, со сензационалистичка литература...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сакате да кажете дека тој ќе побара друг издавач, или се подразбира дека тоа вие треба да го направите?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Со оглед на нејзината граѓанска одгледаност, кога таа би станала свесна за нив, исконот сигурно би се повлекол и би побарал друг излез.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)