Таму горе во небесното синило ја побара својата умрена мајка и почна со расплакано и натажено срце да ја моли за совет и помош.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го побарав својот адресар, а потоа почнав да ги подготвувам алиштата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
ПОГОВОР Оскар Вајлд, писателот, е првиот човек кој ги побарал своите права како хомосексуалец.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Сега треба да побара своите деца да ги испратат да се борат, а можеби и да загинат, за интереси кои се само нивни.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ги отвори очите и го побара својот лик во мазното стакло.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И тогаш, по еден истрел, на момчето како да му здодеало со напнат грб да го исправа од невозможната положба човекот со крвави гради.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се олабавило, со цело лице се обидело да го побара својот убиец стреснувајќи се од темната врелина што му џбурнала од полуотворената уста и со расширени раце, чиниш со мртвото тело, сакало да го заштити оној што можел да му биде татко, заштитник или учител на вакви сурови часови, паднало врз прпелкавиот грч.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Фоте сепак стана да го пречека дневниот печат, а по него и Кате да ја побара својата паста за заби.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Откако се опсити јадејќи од тортата, Огнен со возбуда истрча од дома и отиде да ја побара својата сокласничка Мара со која се дружеше и со која шетаа на корзо.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Фезлиев тапо гледа во сето тоа и за првпат не прави ни гест да го побара својот револвер.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
На сите ним им порачува, доколку се најдат во иста или слична ситуација, веднаш да побараат свој близок адвокат, кој ќе им помогне: „Сега, после првиот спор, е лесно...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Примерот на Машаланов е за поздравување затоа што ги ох- рабрува големиот број „непријавени“ и неосигурени работници – кои, правно гледано, немаат склучено договори за вработување и поради тоа чувствуваат дека се наоѓаат во инфериорна позиција vis-à-vis своите „газди“, да си ги бараат своите права по и судски пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Машаланов задоволен од одлуката и од ефективноста при нејзиното спроведувањето, бидејќи од истата ја доби чесно одработената финансиска надокнада.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)