Марк, беше лек за секоја женска болест, само требаше да замижите и да си го повикате името Марк во вашите мисли и тој за миг ќе се отелотвори пред вас.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
А Гого, со поглед веќе што се губеше, само се држеше за раката на помалиот, сега единствен син, а одвај низ кркот повеќе од шепот се слушаше дека го повикува името на постариот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)