Предноста на тврдите објекти (карпите и коските) е во тоа што нивната регистрирана информација ја складираат за релативно долго време. (Така, еден нож од камен може да ја сочува својата складирана информација “сечење”, десетици илјади години.) Неповолноста на таквите мемориски средства е во тоа што тие функционираат и како алатки: во случајов со ножот не само што се повикува информацијата “сечење” туку тој и служи за вистинско сечење.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)