Малку ако се замислеше, Веле, ти ќе разбереше дека не се мајсторите лоши, туку времињата, времињата се лоши и проклети! - го повиши гласот Аргир и запре.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По овие зборови Веле го повиши гласот: - Сега сакам да знам дали е во мене грешката или во вас, старите мајстори, во вашиот табиет, да не сакате да дадете и на друг да се развива и да оди напред...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Некое време се зборуваше дека некој го предал, но јас во тоа не верувам, турците од Турско Рудари го предадоа! – го повиши гласот баба ми – А Господ го откри гробот, кога сакаа да си ги земат моштите.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ама прави си како сакаш – во септември никој нема да ти биде крив ако...
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Нормална сум и тоа како – го повиши гласот тетка ми – ти многу добро знаеш зошто го зборувам ова.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Во доцните часови, многупати таа ќе слушнеше дека ги повишуваат гласовите. Се расправаат.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Повтори, го повиши гласот и ја виткаше прачката како меч.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Го познаваш? - Забележав дека го повишив гласот, и веднаш сфатив оти избрзав.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ништо повеќе нема да барам. Ќе му верувам на сведоштвото на моите очи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Учителот го повиши гласот и рече: – Впрочем, кој си ти да влезеш во куќата на еден учител и да му бараш чудо?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)