Вашата провансалска лаванда можеби ја имаше моќта на Прустовиот меден колач мадлен, кој за мене имаше горчлив вкус, но кој сепак ми го поврати вкусот на едно време, без кој можеби не е можна полнотата на животот, по која трагаме можеби и кон отаде.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)