Но, кога кожата на Атиџе се смири, го повлече црвенилото и под наборот го подаде младиот и тенок слој на голуждраво птиче, па кога Атиџе ги поврати своите стари навики, одејќи со придружбата секој вторник на капење во Чифте-амамот, а бегот него штедро го награди и го испрати назад во Блатието - тој секој вторник, зиме и лете, напролет и наесен, дојден во градот како пијан, се гледаше себеси како цупка пред амамот, чекајќи таа да се појави и само малку да го потргне фереџето, божем ветер го сторил тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Цврсто решен да го задржи своето професорско место, тој започнал судски процес против државата Рајна- Вестфалија, подржан од голем број луѓе и од своите студенти.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Процесот го добил дури шест години подоцна и тогаш си го повратил својот статус на професор.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Поинаку кажано, предавањето за него претставувало начин на заработување за живот, туку начин да се создаде дело во она особено значење кое тој самиот му го придавал на тој збор: начин да се создаде “бојсовско дело”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)